Видеото на Двејн Џонсон ги разнежни милиони ширум светот – погледнете како ја учи својата ќерка да ги мие рацете

5 април, 20200
dete

Двејн Џонсон на својот инстаграм профил објави видео кое ги разнежни неговите следбеници. Поточно, актерот снимил ритуал пред туширање во кој четиригодишната ќерка пее додека учи како правилно да ги мие рацете.

„Пред да одам под туш, Тиа ме замолува да го пеам рапскиот дел на Моана од песната Ју Ар Велком. Пред неколку недели откривме дека на децата им е забавно додека им пеете, и тие научија дека миењето раце е забавно. Останете здрави и безбедни”, напиша актерот под видеото.

„Насмевката на нејзиното лице е совршена. Прекрасен момент“, „Таа е симпатична, „Вашето девојче е слатко, ова ме натера да се насмеам“, напишаа следбениците.

Со оглед на тоа дека Двејн на видеото е без маица, завиткан само со пешкир, фановите го коментираа и неговиот изглед.

„Цела минута гледав во оваа рака“, „Па, неговата рака е поголема од неговата ќерка“, „Кога сакате крпата да падне, а потоа ти текнува дека бебето е таму“, се само неколку од коментарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi