Единствената вистина за сите неверства на принцот Вилијам

21 април, 20200
кејт и вилијам

Каде има дим, има и оган.

Веќе неколку месеци, светските медиуми постојано шпекулираат за брачното неверство меѓу саканата кралска двојка, 38-годишната Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг врсник, принцот Вилијам. Иако во јавноста оставаат впечаток за една хармонична двојка , новинарските колумни низ годините честопати беа исполнети со шпекулации за турбулентната врска која се одвива далеку од очите на јавноста, па токму затоа во продолжение ви пренесуваме некои од најконтроверзните моменти на двојката кои ги пренесе  таблоидот „Radar Online“.

Првата гласина за можната прељуба се појави уште во 2017та година, кога споменатиот портал од доверливи извори дозна дека врската меѓу војводата и војвотката се оладила откако принцот Вилијам се вратил од скијање од Швајцарија. Наводно, се појави искра кога принцот во тамошниот ноќен клуб е забележан во друштво на австралискиот топ модел, Софи Тејлор. „Додека таа го чуваше принцот Џорџ во британската палата, Вилијам танцуваше во друштво на атрактивна русокоса на другиот крај на Европа, а што се случило кога камерите се изгаснале, може само да се шпекулира“, открил своевремено извор близок на двојката, додавајќи дека војвотката флертувала со неколку војници во Лондон на хуманитарна манифестација на денот на Свети Патрик истата година без грижа на совест.

Иако парот официјално не се огласи за наводниот скандал со австралиската манекенка, неколку месеци подоцна имаше натписи дека принцот Вилијам се обидува на секој начин да го спаси бракот, поради што ја наговорил својата сопруга да се обидат да ги расчистат проблемите на брачно советувалиште.

Најновите шпекулации за брачното неверство се случија во почетокот на 2019та година, кога принцот Вилијам, наводно, повторно бил во главната улога. Во тоа време, британските медиуми објавија дека Војводата потклекнал пред шармот на 36-годишната Роуз Ханбери додека Кејт била бремена со нивното трето дете, сега едногодишниот принц Луис. Војвотката тогаш, наводно, била очајна поради фактот што еден ден нејзините деца ќе ги прочитаат овие вести.

За јавноста дотогаш непозната, Роуз Ханбери одеднаш се најде во центарот на вниманието. Површински позната како една од паровите со кои Вилијам и Кејт сакаат да се дружат, Роуз и нејзиниот 58-годишен сопруг Дејвид кои се на релативно висока позиција во општеството и се добредојдени гости на настани во областа Норфолк, каде кралската двојка исто така често престојува.

Патем, за споменатата афера, наводно, се зборувало и повеќе од една година, но британските медиуми имаат благонаклонет однос (малку од почит, малку од страв) кон членовите на кралското семејство, така што приказната излезе дури во март 2019та година.

Може да се каже дека принцот некако се смири од последниот скандал, но со оглед на досегашните грешки, прашање е на време пред да се појави нова драма и да ги поплави светските насловните страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi