СТАНУВА СЕРИОЗНО: Голема вест за врската на Кети Холмс и Емилио Витол

25 октомври, 2020
profimedia-0564668325

По шпекулациите за брак

Од кога се вљуби во осум години помладиот готвач Емилио Витол, актерката Кети Холмс не крие колку ужива во тоа. Овој пар веќе неколку пати беше фатен како разменува нежности во јавноста, што е само доказ за тоа колку не се грижат за туѓото мислење. Медиумите секојдневно ги пренесуваат деталите за оваа страсна врска, па затоа не е изненадувачки што пристигнаа информации дека парот е подготвен да се вдоми заедно. Со оглед на тоа што многумина веруваат дека ова ќе биде втор брак за 41-годишничка, ова е чекор што се очекуваше.

Американскиот магазин за животен стил „Life & Style“ откри во најновиот текст дека Кети наводно планира да се пресели со партнерот. Извор близок до парот изјавил дека Кети е луда по Емилио. Иако некои веруваат дека нивната врска напредува пребрзо, судејќи според изворите – тие се подготвени да се преселат во Њу Јорк, каде и двајцата живеат. „Тие се толку многу заедно што практично веќе живеат заедно“, истакна инсајдерот.

Иако веќе се зборуваше за можен брак, протекоа информации дека Емилио сè уште не е подготвен за тој чекор, имајќи предвид дека ја раскина свршувачката во време кога тој веќе беше заљубен во актерката. Токму поради нивниот скандалозен почеток на романсата, семејството на готвачот сè уште не е сигурно дали се согласува со оваа нова врска – особено мајката Лоурдес.

„ Лоурдес не го воспитуваше да биде таков и не ѝ се допадна ни најмалку како Емилио реши сè“, изјави неодамна извор близок до 33-годишниот готвач. Судејќи според сите овие информации, бракот сепак ќе почека, додека заедничкиот живот може да започне наскоро.

escort - Korsan taksi