СТАРАТА КАРДАШИЈАН СЕ МАЖИ?!: Дали е подготвена повторно да застане пред олтарот, со 25 години помладото момче, по сите тие неуспешни бракови?

16 септември, 2020
Kardashian Khaos Grand Opening at The Mirage

Крис Џенер, мајка на познатите старлети од кланот Кардашијан-Џенер, откри дали планира повторно да се омажи. Таа беше во брак со Роберт Кардашијан од 1978 до 1991 година. Заедно се грижеа за четирите деца сѐ до смртта на Роберт во 2003 година. Почина од рак.

По него, таа беше омажена за олимпиецот Брус Џенер, кој пред неколку години реши да го смени полот и да стане жена. Тој повеќе не е маж и се претставува на јавноста под името Кејтлин Џенер. Тие се венчаа во 1991 година, а се разведоа во 2013 година, кога Крис поднесе барање за развод наведувајќи ги непомирливите разлики како причина.

Брус го промени полот во 2015 година, а оттогаш врската со неговата поранешна сопруга е на „стаклени нозе“. Кејтлин јавно зборува најдобро за своето семејство, фалејќи ги Крис и нејзините ќерки и тврдејќи дека работат одлична работа.

Крис е во врска со Кори Гембл, за кого не е верена и наводно повеќе не планира да се омажи. Мајката на шест деца, 64-годишната Крис, ужива во својата љубовна врска. Кортни Кардашијан, Ким Кардашијан-Вест, Клои Кардашијан, Роб Кардашијан, Кендал Џенер и Кајли Џенер се нејзините деца кои ги прослави реалното шоу во кое учествуваа сите.

Нејзиното сегашно момче е 25 години помладо од неа, а тие се запознаа во 2014 година на 40-та роденденска прослава на дизајнерот Рикардо Тиси. На нејзината рака, во неколку наврати, многумина забележаа прстен сличен на веренички прстен, па започнаа гласини за венчавка.

COREY GAMBLE & KRIS JENNER – CELEBRITES EN FRONT ROW LORS DU DEFILE GIVENCHY HOMMES PRINTEMPS/ ETE 2016 -,Image: 251124703, License: Rights-managed, Restrictions: NO RESTRICTION, Model Release: no
escort - Korsan taksi