Ќерка на Том Круз и Кети Холмс, Сури ИСЧЕЗНА! А, Том се заканувал дека ќе ја киднапира, додека Кети го провоцирала бакнувајќи се со своето ново помладо момче!

8 октомври, 2020
suribre

Има свои причини

Поранешната сопруга на актерот Том Круз, 41-годишната актерка Кети Холмс од неодамна има ново момче, осум години помлад италијански готвач Емилио Витоло Jуниор, а судејќи според фотографиите кои секојдневно го обиколуваат Светот, парот е лудо вљубен и не може да престане да се „бакнува“ . Но, ненадејната и голема промена, наводно, и падна тешко на 14-годишната ќерка Сури, која затоа избега од нејзината мајка во Њу Јорк кај нејзиниот 58-годишен татко Том во Флорида, каде што има куќа, тврди магазинот „Women’s Day“.

Сури, наводно, не може да ги поднесе нивните постојани јавни испади на љубов и е љубоморна што повеќе не го поминува целото време со својата мајка како порано, кога секој ден можеа да се видат како шетаат по улиците на Њу Јорк, тврди извор близок на поранешната sвезда на серијата „Dawson’s Creek“ која минатата година ја прекина врската со 11години постариот актер Џејми Фокс.

„Сури е фасцинирана од нејзиниот татко. Паметно дете како неа нема да има проблем да го најде патот до куќата на Том. Едноставно ѝ е мака од нејзината мајка што се однесува како заљубена тинејџерка. А, Том е задоволен од ситуацијата, едвај чека Сури да дојде кај него. Никогаш не можеше да преболи што Кети му ја „одзеде“ ќерката по разводот, рече изворот, додавајќи дека се надева дека Кети сега ќе се помири со тоа колку нејзиното похозно однесување влијаело на Сури.

Она што е сомнително во приказната е дека во насловот се вели дека Сури побегнал од дома, сепак, во самиот напис ова веќе не се споменува или потврдува на кој било начин. Покрај тоа, Том Круз во моментов снима ново продолжение на филмот „Mission Impossible“ во Лондон, па затоа е малку веројатно дека Сури избегала на Флорида кај него. Целиот напис и тврдењата на изворот се засноваат на проценка за тоа како се чувствува Сури во врска со новото момче на нејзината мајка, па затоа оваа информација треба да се земе со „зрно сол“.

escort - Korsan taksi