Светот е опседнат со масивни, заоблени ЗАДНИЦИ: Зошто и жените и мажите ги обожаваат?!

8 октомври, 2020
untitled-design-2020-10-07t143602-479

Повеќето жени денес се стремат кон поголем задник. Жените веќе не се грижат дали задникот ќе им изгледа голем. Напротив, тие се надеваат на тоа…

Повеќето жени денес се стремат кон поголем задник. Тие веќе доволно добро ги познаваат позите кои ќе го истакнат нивниот задник, а оние со малку подобра финансиска состојба со задоволство ќе одвојат илјадници куни, евра, фунти или долари за да го направат задникот уште поголем.

Ким Кардашијан го популаризираше овој тренд кога го покажа задникот во октомври 2013 година. Жените веќе не се грижат дали задникот ќе им изгледа голем. Напротив, тие се надеваат на тоа.

Но, како станавме толку опседнати со големиот задник? Очигледно, благодарение на нашите предци.

Во својата книга „Голиот мајмун“ од 1967 година, зоологот Дезмонд Морис објасни како нашите женски претци го користеле задникот за да сигнализираат дека се подготвени за акција.

  – Во одреден момент од нашата еволуција, се префрливме на парење лице в лице и задникот веќе не се користеше за да дава сигнали. Ова се случи кога престанавме да одиме на четири нозе, како мајмун, и застанавме исправени. Тоа ги направи сексуалните контакти многу полични и претставуваше премин кон нов развој на врските во кои паровите остануваат поврзани подолго, рече Морис.

Но, Морис вели дека заоблениот задник сепак е еден од примарните сексуални сигнали и можеби е причината зошто жените повторно обрнуваат внимание на овој дел од телото.

Пејачи со голем задник како Џенифер Лопез, Иги Азалеа и Ники Минаж му посветија дел од своите песни на задникот. Хитот „Booty“ на Џеј Лo во 2014 година има повеќе од 217 милиони прегледи на YouTube.

Ники Минаж пее и за нејзината љубов кон големиот задник во нејзиниот хит „Anaconda“.

Мајра Мендибел, социјален историчар, вели дека женските типови на тела отсекогаш биле знак на она кон што се стремело општеството – витка мускулна форма се претпочитала во капиталистичките земји, додека во сиромашните места како нејзината родна Куба се претпочитал поголем задник.

За да постигнат поголем задник, многу жени одат и под нож, пишува The Sun.

Топ 20 најдобри задници

Често се споменуваат познати личности кои имаат најдобар задник: Пипа Мидлтон, Кајли Миног, Иги Азалеа, Коко Остин, Роузи Хантингтон Вајтли, Деми Роуз, Кендал Џенер, Емили Ратајковски, Џесика Алба, Ријана, Алесандра Амбросио, Рита Ора, Кимберли Волш, Џенифер Лопез, Бијонсе, Ники Минаж, Ким Кардашијан, Блак Чина, Амбер Роуз и Кели Брук.

escort - Korsan taksi