Светот секако не е ист откако епидемијата на корона вирусот “попушти”. Но кој ќе биде сега бр.1 и дали Кина е воопшто способна да ја презема таа улога од САД?

26 мај, 20200
tramp

Пандемијата на корона вирусот драматично го забрза трендот на одалечување на светот од глобализација кон фрагментација па оттука, стратешките економски сектори како што се високата технологија, агрокултурата и фармацевтските индустрии, во иднина ќе бидат локализирани – оценува Вук Јеремич, претседател на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој и Ијан Бремер, претседателот на групата Еуразиа, најголемата светска корпорација за процена на геополитички ризици.

Бремер е еден од основачите на глобалната медиска група GZERO, како и професор на универзитетот Колумбија во Њујорк. Автор е на десет книги за меѓународните односи кои постанаа бестселери и моментално е еден од најпознатите светски аналитичари.

Јеремич истакна дека некои работи никогаш нема да се вратат во “нормала”, односно во состојба какви биле пред пандемијата, а Бремер додаде дека голем број на луѓе веќе никогаш нема да ги извршуваат работите на стариот начин и дека многу работи ќе станат автоматизирани.

Бремер актуелната геополитичка ситуација во светот ја нарече “G-нула” и прецизираше дека тоа е свет во кој Америка веќе не сака да биде светски полицаец, архитект на светската трговија и заговорник на глобалните вредности, а ниедна друга држава или група на држави не сака и нема да ја игра оваа улога, така да “не станува збор за G7 ниту за G20, туку за G-нула”

“Оваа криза се одвива во G-нула свет, во кој државите не соработуваат туку се спротиставуваат. Америка е во спор со Кина за која смета дека е виновна за кризата, а Доналд Трамп планира на тоа да ја заснова својата кампања за реизбор на претседател на САД’’- изјавува Бремер.

“Трамп сака повторно да биде реизбран  и ништо не му е ни приближно важно како оваа цел.” Спремен е заради тоа да конфронтира со Кинезите, но сеуште не одлучил колку јако да оди против нив. Трамп суштински не го сака економскиот спор, туку сака да покаже дека е тој главен, додека на кинезите тоа не им е важно, нив ги интересира како стои кинеската економија”- додава Бремер.

Бремер наведува дека “Кина не е Иран” и дека ќе го возврати ударот ако Америка економски нападне, што не мора да значи дека ќе избие трета светска војна, бидејќи Кина не е светска воена сила туку регионална.

“Меѓутоа Кина може да изгуби повеќе од Америка, која има поголеми шанси за победа во економската студена војна. Оваа војна за Кина значи затворање на пазарите во САД, Јапан и богатите европски држави. Кинескиот систем во тој случај би можел да имплодира, бидејќи ќе биде потпрен првенствено на домашната потрошувачка, а ќе мора да издржува цел систем на неефикасни државни компании”, кажува Бремер.

Бремер додава дека америчката стратегија се заснова на ставот “ние сме најмоќна држава во светот, нашите технолошки компании се доминантни, извезуваме енергија и храна, имаме глобална валута и ако не измамите, тоа ќе ве боли, а ако сте наши сојузници, тогаш мора да работите многу повеќе со нас”.

Јеремич вели дека во случај на студена војна помеѓу САД и Кина, можно е да настане ситуација “или со нас или против нас”, а дека вододелница за таков услов може да биде соработката со кинеската компанија Huawei. Се прашува што ќе се случи ако Србија која со оваа компанија постигна договор за стратешка соработка, одлучи да не ги прекине односите со Huawei. “Многу сиромашни држави ќе мора да донесат тешки одлуки, а тие одлуки ќе ги чинат се повеќе како времето поминува. Не станува збор само за Србија, може тоа да биде и Италија, Грчка или други балкански држави. Проблемот е во тоа што сиромашните држави го гледаат Huawei како ефтина алтернатива, додека пак не постои америчка алтернатива. Американците ќе пробаат да го направат Huawei помалку привлечен”- изјавува Бремер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi