Таблоидите предвидуваат што ќе се случи со славните во 2021 година: Бред Пит ќе ја добие битката за старателство, Џеј Ло ќе ја раскине веридбата, а принцот Хари и Меган Маркл ќе се разведат

29 декември, 2020
Screenshot_4

Бред Пит, Џенифер Лопез, Кети Холмс, Лејди Гага и уште неколку познати личности се во центарот на предвидувањата на таблоидите за 2021 година. Па така, National Enquirer предвиде што може да се случи со некои од овие имиња со оглед на нивниот личен и професионален живот во 2020 година, но и минатото.

Пит, наводно, ќе ја добие битката за старателство против Анџелина Џоли. Судот ќе донесе одлука во полза на актерот, па тој и Џоли ќе го делат старателството над нивните пет од шесте деца.

Исто така, се предвидува дека поранешната сопруга на Том Круз, актерката Кети Холмс, ќе раскине со нејзиното младо момче, готвачот Емилио Витол. Но, актерката нема да има скршено срце долго бидејќи ќе се заљуби во некој од нејзината индустрија.

Џенифер Лопез ќе раскине со Алекс Родригез во 2021 година откако Алекс ја изневери. Првично, поранешниот атлетичар ќе ја негира својата врска, но нема да помине многу време и ќе продолжи со друга жена.

Лејди Гага и нејзиното момче, претприемачот Мајкл Полански ќе раскинат следната година. Актерката на крајот ќе се заљуби во актер од висок профил кој штотуку ќе се разведе.

Ќе започне постапката за развод на Ким Кардашијан и Канје Вест, а тоа ќе предизвика ментална слабост кај раперот. Потоа ќе се пријави во рехабилитациското одморалиште.

Елен Деџенерис ќе си даде оставка од „The Ellen Showu“ за да се фокусира на актерството и да работи на стенд-ап комедии.

Џорџ Клуни и Амал Клуни ќе се обидат да се вклучат во политиката, за да можат да учествуваат на изборите во 2024 година.

Бракот на принцот Хари и Меган Маркл ќе пропадне поради постојаните критики. Двојката ќе се раздели за да ја процени иднината на нивната врска.

Анџелина Џоли ќе се смири со нејзиниот татко Џон Војт, бидејќи боледува од сериозно заболување.

Мајли Сајрус ќе влезе во краткотрајна врска со истакната телевизиска sвезда од реално шоу. Тој исто така ќе има неколку сериозни врски, но ништо нема да трае.

Предвидено е принцот Ендру да доживее исцрпувачки мозочен удар, откако беше осуден за сексуално злоставување на малолетни девојчиња.

Крис Џенер ќе раскине со Кори Гембл и ќе започне да се забавува со Рајан Сикрест.

Мишел Обама ќе се кандидира за американскиот Сенат, но Барак Обама нема да ја поддржи.

Сепак, важно е да се напомене дека предвидувањата на таблоидите се базираат единствено на гласини, но ќе биде интересно да се види кое од овие навистина се случува.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi