Тајната која Лепа Брена ја чуваше повеќе од 30 години

18 јуни, 20200
Annotation 2020-06-18 204440
Откри

Лепа Брена, една од најголемите регионални ѕвезди, низ децениите на својата слава заслужено ја стекна славата и угледот на ‘дива’ на фолк музиката. Меѓутоа 59-годишната пејачка се испроба во актерските ‘води’, и тоа кога во дамнешната 1987 година се појави во филмот ‘Hajde da se volimo’. Но, дури неодамна Брена откри детали од снимањето за кои сеуште немаше проговорено. Наиме, на сетот го бакнала глумецот Драган Бјелогрлиќ, што не и паднало лесно, пренесува Курир.

Lepa Brena

Иако станува збор за глума, на оваа пејачка снимањето на сцената во која се бакнува со познатиот глумец и било исклучително тешко. Кога дошло време да се сними култната сцена во авионот, каде ‘паѓа’ бакнеж меѓу неа и Бјелогрлиќ, Лепа Брена потполно се ‘одзела’, меѓутоа до сега никому не зборувала за тоа.

‘Воопшто не ми беше пријатно кога режисерот Станко Црнобрња дека морам Драган да го бакнам во уста, онака филмски. Му реков дека не можам, бидејќи не сум глумица, на што Црнобрња ми одговори: ‘Сега си и те молам тоа да биде вистински бакнеж, сериозен и професионален’, откри Брена.

‘Се одлучив да не драмам многу, туку ја подвиткав опашката и го бакнав Бјелогрлиќ. Се сеќавам дека во тој момент ми беше многу непријатно, но ми падна камен од срцето кога режисерот ми кажа дека одлично сум ја завршила работата и дека се делувало природно’, заклучи пејачката.

View this post on Instagram

Po jutru se dan poznaje🧐👍💋

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi