ТАЈНАТА НА ОВА ИМЕ РЕТКО КОЈ ЈА ЗНАЕ: Која беше познатата Били Џин од песната на Мајкл Џексон?

31 август, 2020
128240_profimedia0075980225_ff

Нема личност што не ја слушнала оваа песна, а откриени се малку познати детали за неа

„Били Џин“ беше насловот на вториот сингл на Мајкл Џексон, од албумот „Трилер“, објавен во јануари 1983 година. Во прашање е безвременски хит, па дури и денес е неизбежна песна на радио, прослави … Тој е најпродаваниот соло-сингл на Мајкл Џексон, а Ролинг Стоун го стави на 58то место на листата со 500 најдобри песни на сите времиња.

Интересно е што продуцентот на Мајкл, Квинси Џонс, не сакал песната да се најде на албумот, а исто така го советувал да го смени името на песната во „Not my lover“, за луѓето да не помислат дека е посветена на тенисерката Били Џин Кинг.

Всушност, песната не била посветена на некоја посебна девојка, во прашање е спој на различни обожавателки кои му испраќле писма на Мајкл и неговите браќа во кои се колнеле дека се бремени и ги носат нивните деца.

Кога ја изведуваше оваа песна полна со енергија, Мајкл за прв пат го изведе својот славен moonwalk, но носеше и бела ракавица со светки, по што беше и славен.

– Музичарот знае да препознае хит материјал. Сè мора да биде на свое место, ве исполнува и ве прави среќни. Така се чувствував кога станува збор за Били Џин. Знаев дека ќе биде хит кога ја пишував – призна Мајкл Џексон подоцна.