Татиното девојче порасна во незамисливо богатство, а дотурка до преживување во реално шоу

15 мај, 2020
profimedia-0467717627-830x0

Иако пораснала во луксуз, нејзиниот живот подоцна се променил од корен

Глумицата Тори Спелинг, утре ќе го прослави својот 47-ми роденден. Таа е родена во едно од најбогатите семејства во Холивуд, се прослави со улога во хит серијата Беверли Хилс, но нејзиниот живот подоцна се промени од корен.

Нејзиниот татко е телевизискиот продуцент Арон Спелинг, а своето детство го поминала во луксуз, во најголемата вила во Лос Анџелес од 56 000 квадрати со дури 123 соби. Станува позната по улогата на Дори Мартин во тинејџ серијата Беверли Хилс чив продуцент беше нејзиниот татко.

Таа потенцира дека татко и не и помогнал да ја добие улогата, туку дека вистински се потрудила и на аудицијата се појавила под лажно име. Сакала да ја игра Андреа, но го добила ликот на Дона. Сите 10 сезони серијата имаше вртоглав успех, па благодарејќи на тоа, Тори стана финансиски независна од својата фамилија.

Кога во 2010 година, серијата заврши, Тори, заради начинот на живот во богатство, се соочила со финансиски проблеми но не сакала да побара помош од својот татко.

“Не е тајна зошто имам финансиски проблеми. Пораснав во такво богатство какво тешко кој може да замисли. Никогаш не знаев за поинаков живот. Дури и кога пробав да живеам едноставен живот, никогаш неможев да се отргнам од луксузот. Се селев од една куќа во друга и попат изгубив милиони долари” –  напишала глумицата во 2013, во својата книга “Spelling It Like It Is”.

“Тоа би значело дека сум мала богаташка на која таткото и плаќа за се и тоа е она што сите го мислеа за мене. Несакав да бидам тоа, попрво би банкротирала” – изјавува Тори за ABC News 2008 година.

За да се спаси од своите финансиски проблеми, играла улоги во “Scary Movie 2” , телезиските филмови “ А Carol Christmas”, “Family Plan”, “Hush”.

Во 2004 година, се омажила за глумецот Чарли Шин но нивниот брак не потрајал. На сетот на филмот “Mind over murder”, го запознала својот сегашен сопруг Ден Мекдермот. Иако двајцата тогаш биле во брак, спиеле уште првата вечер откако се запознале.

“Бевме 15 месеци во брак кога отворив National Enquirer и видов како мојата жена му игра на друг маж во скут” – кажува Шин во 2007 година.

Две години по првото венчање, Тори се омажила за Ден, а истата година го загубила својот татко. Неговото богатство е проценето на 500 милиони долари, од кои глумицата и нејзиниот брат добиле по 800 000 долари, а остатокот од парите го добила нејзината мајка со која Тори не била во добри односи.

Бевме на ручек кога ми кажа: “ Ќе бидеш добро, се сум средила, ќе добиеш нешто помалку од милион долари”. Дел од мене се надеваше дека работите ќе излезат поинаку и се мразев себе си заради тоа, не сакав да бидам онаа девојка на која и требаат или ги сака парите на својот татко – кажува Тори.

Тори веќе имала големи финансиски проблеми и долгови откако го родила своето прво од пет деца кои ги има со својот сопруг. Кога заради неплатени сметки, добила тужба од Американ Експрес од 38.000 долари, нејзината мајка Кенси открила дека финансиски и помага на својата ќерка кога тоа е неопходно.

Глумицата пробала да заработи пари на секој можен начин, па играла во “So Notorius”, а понатаму се испробала и во реалното шоу на својот сопруг. Прво воделе хотел во емисијата “Tory &Dean: Inn Love”. Тие двајца во 2017, организирале венчавки за парови во емисијата “Tory & Dean: sTORIbook Weddings”. Ја репризирала улогата на Дона во римејкот на Беверли Хилс.

И покрај тоа што постојано нешто работела и снимала, таа повторно имала финансиски проблеми. Државата Калифорнија ја тужела за износ од 259.000 долари заради неплатен данок, па во 2011 година ја продале куќата за да ги вратат долговите и повторно биле во губиток. Пет години подоцна, сопругот на Тори едвај избегнал затвор заради неплаќање на алиментација на бившата сопруга.

Мојот сопруг и јас работиме напорно навистина, постојано нешто работиме, многу ми е важно моите деца да гледаат дека родителите им работат. Многу зборуваме со нив за тоа – кажува глумицата.

Тори во приватниот живот доживеала вистински крах кога во 2013 година испливала афера за нејзиниот сопруг и Емили Гадхенд, додека работеле на еден телевизиски проект во Торонто. Глумицата сепак одлучила да го спаси својот брак, а нејзиниот сопруг почнал да оди на рехабилитација заради зависност од таблети и секс.

Тие двајца понатаму снимиле уште едно реално шоу “Вистинската Тори”, а пред неколку дена прославиле 14 години брак. Неодамна се вселиле во вила вредна 3,7 милиони долари а и понатаму имаат големи долгови.

“Поминавме се нешто во изминатите 14 години и сеуште сме доста блиски. Среќна годишница драга, не би можел да го замислам мојот живот без тебе” – пишува Ден на Инстаграм.