„Tiger King“: Џеф Лоу ѝ посакува сѐ најдобро на Керол Баскин со зоолошката на Џо Егзотик

7 јуни, 20200
imageedit_170_6518215597

Керол Баскин ќе ја превземе зоолошката претходно во сопственост на Џозеф Малдоналдо – Пасаж, односно Џо Егзотик. Зоолошката беше тема на популарниот документарец „Tiger Kind: Murder, Mayhem and Madness“ на Нетфликс.

Ова значи дека Џеф Лоу, кој ја водел зоолошката откако Џо Егзотик е во затвор, ќе треба ја напушти. Но тоа е во ред со него и неговата сопруга Лорен.

Парот во интервју изјави што мисли за тоа што Керол ја доби зоолошката, како и нивните идни планови за нивна сопствена зоолошка. Џеф остана позитивен во однос на идните планови на Баскин, иако во документарецот тие немаа најдобри односи.

Најголемата грижа на Лоу е за тигрите. Тигрите на Егзотик ќе бидат однесени во нова зоолошка. Баскин ќе ги премести нејзините спасени тигри во зоолошката во Оклахома. Но Лоу не сака да се грижи што Баскин ќе прави со зоолошката.

  • „Не сакам да знам што има во умот на Керол Баскин бидејќи мислам дека е многу мрачно место. Којзнае што ќе прави? Ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Може да ги задржи овие 16 хектари на прогонувани мемории.“

Една работа за која Лоу се надева е дека Керол Баскин ќе го остави непријателството со Егзотик поазди неа. Да, тој е во затвор бидејќи вработил платен убиец да ја убие. Но таа е сега безбедна и Лоу се надева дека ќе се фокусира на тигрите. Исто така вели дека нема ништо против неа.

Кога Лоу и сопругата ќе ја отворат нивната нова зоолошка, ќе имаат ривалство со зоолошката на Баскин во Оклахома. Но, Тајгер Кинг резултираше со контроверзии околу чување било какви големи мачки во заробеништво. Лоу вели дека е сигурен дека неговата зоолошка ќе биде во полза на животните, и останува тоа да го видиме со свои очи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi