Том Круз маѓепсан од култ! Заради Саентолошката црква, сите бракови му пропаднаа, не ја гледа неговата ќерка а жените тие му ги бираат!

28 мај, 20200
2074813_profimedia0486018257_ls

Популарниот глумец Том Круз важи за еден од најпопуларните во својата бранша, а  заверите и бизарните детали од неговиот живот се секогаш актуелна тема во јавноста.

Тој и припаѓа на Саентолошката црква, и според тврдењата на Daily Mail, Круз во последно време со својата фамилија размислува да се пресели во Лондон. Том порано имаше луксузна вила во шест спални соби во Лондон, но ја продаде во 2016 година за шест милиони долари на пејачот Питер Андре.

Инаку неговиот внук е дел од Саентолошката црква, а покрај тоа и негов близок е лидер на оваа верска заедница. Круз со нив и остатокот од фамилијата ужива на имотот во Лондон, чиа обнова чинење 16 милиони долари. Покрај тоа, за нивната храна се грижи угледниот кувар-шеф, кој своевремено работеше во ресторанот на Гордон Ремзи и ја заслужи Мишелиновата ѕвезда. На располагање имаат и теретана.

Додека Том се грижи за лидерот на култот, сестрите и внукот, тој воопшто не се грижи за 14 годишната ќерка Сури која ја има со глумицата Кејти Холмс. Неколку пати во јавноста излезе информација дека тој воопшто не ја гледа.

Како потсетување, Том беше тој кој во 2001 година ги предаде документите за развод затоа што наводно така го советувале во црквата.

Том веќе со години е опседнат со оваа вера за која многумина тврдат дека не е ништо друго освен класично “перење на мозок” и извлекување на пари од славни следбеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi