Трагедијата којашто не ја заобиколи ниту Jennifer Lopez: Не можам да дишам!

9 јуни, 2020

На вчерашните масовни демонстрации оддржани во Hollywood, по повод Black Lives Matter движењето и шокантната смрт на George Floyd, учествуваа околу 50.000 демонстранти.

Помеѓу нив можеа да се забележат и бројни познати личности. Иако, сокриени под маските, објективот успеа да ги улови. Една од нив е Jennifer Lopez, којашто со својот вереник, Alex Rodriguez, прошета низ улиците на Los Angeles.

За време на протестот на сите им “западнаа за око” транспарентите кои ги носеше славниот пар. Jennifer откри дека околу натписите им помогнале нејзините 12 годишни близнаци.

“Black lives matter” – гласеше натписот којшто го држеше Jennifer в раце, додека пак транспарентот на Alex, Let’s Get Loud For Black Lives Matter, вклучува стихови од песната на латино дивата, “Let’s get loud.