“Тргнете ми го овој човек oд грб!”- Станија му одговорила на Кристијан Голубовиќ

27 мај, 2020
станија

Станија Добројевиќ одговорила на провокациите на Кристијан Голубовиќ дека сакала со него да има деца.

Голубовиќ веќе потпишал договор со Задруга 4, додека Станија не прецизирала дали ќе се најде во Белата куќа следната сезона. На нејзиниот Инстаграм профил на стори се појавила изјава која имплицира дека Кристијан ја споменува заради маркетинг.

“Сум барала да ми направи деца кој? Тргнете ми го тој човек од грб. Па кампања, маркетинг преку некој друг, поздрав”, пишувало на сторито.

Кристијан Голубовиќ се осврнал на заедничкото учество на “Фарма” со ријалити ѕвездата.

“Ние двајцата имавме договор: ако пред неа го напуштам шоуто ќе и обезбедам победа, а таа ќе ми даде дел од наградата. Но Станија се заљуби во мене и кога наиде на ладен туш, не сакаше да ми даде ниту паричка. Не знам зото помисли дека ние дваца можеме да се забавуваме или јас да и направам деца. Таа доби 25 илјади евра и требаше да ми даде 12.500. На крај ми даде 11.900 евра, ми рече дека нема уште 600. Не знаев дека е таква циција”, изјавил тој.