„Тргни се од мојот фраер!“ Џенифер и Меган 10 години во лоши односи, знаеме и зошто

29 декември, 2020
jennifer-aniston-meghan-markle-kolaz

Турбулентното минато излезе на виделина

Една година откако се повлече од своите кралски должности со нејзиниот 36-годишен сопруг принцот Хари, Меган изгледа дека сака повторно да влезе во светот на Холивуд. Сепак, на поранешната актерка нема да ѝ биде лесно, бидејќи зад себе има не многу светло минато. Имено, неименуван извор за New Idea изјави дека Џенифер Анистон ја повредила Меган пред девет години кога заедно глумеа во филмот „Horrible Bosses“.

„Кога Меган ја доби улогата во филмот, таа имаше желба Џен да ја гледа како нејзина нова добра пријателка, но тоа не се случи. Џенифер едвај забележа дека е таму, а Меган попат дозна дека нејзиното појавување во филмот е скратен на само 30 секунди“, рекол изворот. После тоа, Маркл разочарано изјави дека филмот е лош и дека „еден ден ќе се покаже дека таа е добра како Џенифер“.

Враќајќи се во Лос Анџелес во март годинава, Меган се обиде да воспостави врска со 51-годишната sвезда од серијата Friend, но повторно Џен ја одби.

„Меган дури ја покани Џен да се дружат, но не успеа“, тврдат информирани извори. Војвотката од Сасекс дури се обиде да работи и со Бред Пит и неговата продуцентска куќа Plan B, што на Џенифер Анистон воопшто не ѝ се допадна. Наводно, пред 10 години Меган Маркл изјавила дека „би сакала да биде следната госпоѓа Пит“.

Дека не е сè толку црно во водените деловни води на Меган, сведочи и фактот дека таа има барем една моќна холивудска sвезда на своја страна. Имено, минатата недела беше објавено дека Меган вложила пари во започнување бизнис со суперхраната Clevr Blends, а таа ја поддржа Опра Винфри која објави на Instagram дека сосед и дал торба со производи со таа марка. Таа го прогласи за „нов пијалок по нејзин вкус“.