Трик на мајката природа: ова не е шума, туку само едно стебло!

3 мај, 20200
шума

Натал е главниот град на државата Рио Гранде до Норте на североистокот од Бразил, а во светот е забележан како место на кое расте најголемото дрво со индиски ореви на светот.

Ако го погледнете дрвото од воздух, ќе ви се причини дека гледате во цела шума. Но, станува збор за само едно стебло кое се протега на околу 8500 метри квадратни.

Најголемото дрво со индиски ореви е запишано во Гинисовата книга на рекорди. Ова зимзелено тропско стебло има обем од 500 метри, а зафаќа површина како за седумдесет нормални стебла со индиски ореви. Причина за тоа е генетска абнормалност. Гранките на стеблата растат накосо, а во моментот кога ќе ја допрат земјата развиваат корен и почнуваат да растат како засебно дрво.

На ова дрво годишно растат околу 60 илјади плодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi