Ванеса Брајант со емотивна порака до фановите на Коби: “Сите многу ве сакам, но едноставно мора да биде вака”

16 јуни, 20200
293274_6658171_updates

Ванеса Брајант за време на викендот им прати емотивна порака на обожавателите на Коби Брајнт, во којашто ги објаснува промените што ги направила на својот Инстаграм профил, сè со цел да може да продолжи понатаму по смртта на нејзиниот сопруг.

Ванеса им се заблагодари на фановите на Коби за поддршката, но истакна дека таа и нејзината ќерка Наталија мораат да ги блокираат фан страниците коишто секојдневно објавуваат фотографии од нејзиниот сопруг и ќерка, кои загинаа во хелихоптерска несреќа.

  • Јас и Наталија моравме да ги блокираме фан страниците, затоа што е претешко да си “on line”, а постојано да гледаш фотографии од нашите сакани Коби и Џиџи. Ве сакаме сите, но морате да сфатите дека тоа го направивме само за да можеме да продолжиме понатаму, а не затоа што не ве цениме – напиша Ванеса во својата објава.

Исто така и Наталија сподели слична порака со своите следбеници и додаде дека гледајќи ги секојдневно сликите кои ги објавуваат фан страниците, им е 10 пати потешко да се носат со болката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi