Викторија Бекам отпушта луѓе за да се справи со кризата, а заедно со нејзиниот сопруг „тежи” 355 милиони фунти!

30 јули, 20200
viktoria bekam

Поранешната членка на поп-групата “Spice GIrls” и сопруга на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45), Викторија Бекам (46) ќе отпушти 20 вработени во нејзиното модно царство во кое пропаѓа, да се справи со пандемијата на корона вирусот само неколку месеци откако ја откажа одлуката за отпуштање на 30 лица. Компанијата на Викторија Бекам, со својата водечка продавница „Mayfair“, која продава фустани од 2000 фунти и торби од 1.000 фунти, исто така, ќе го преполови бројот на годишни модни колекции.

Ударот кај вработените дојде само два месеци откако Викторија беше приморана да отпушти 30 вработени. Лутината и осудата на јавноста ја натераа да ја поништи одлуката, инсистирајќи на тоа дека благосостојбата на нејзиниот тим „значи сè за неа“.

Се проценува дека Викторија и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид, се „тешки“ околу 355 милиони фунти.

– “Викторија е скршена. Овие се навистина тешки времиња и кризата никого не заобиколува.”- рече извор близок на Викторија.

– “Оваа работа за нејзе претставува голема радост. Никогаш не се работеше за пари. Таа не добила плата во последните три години.” – додаде изворот.

„Таа прави сè што може за да задржи што повеќе луѓе на работа“, заклучи тој.

За потсетување, модната линија што ја започна во 2008 година оствари загуби од 12,3 милиони фунти во 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi