ВИНОВЕН Е! Судот донесе пресуда – Џони Деп ја злоставувал поранешната сопруга! (ФОТО, ВИДЕО)

2 ноември, 2020
amber-herd-dz-oni-dep-sudjenje-13

Судската драма доби епилог!

По неколку недели судење на поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд, пресудата конечно пристигна.

Џони Деп е виновен за злоставување на поранешната сопруга!

Од моментот кога стапнаа во судницата, јавноста ги слуша ужасните детали за неуспешниот брак на актерите Џони Деп и Амбер Херд.

Го слушнале аудио записот во кој таа признала дека и таа го тепала него, откриено е дека Џони започнал да се дрогира кога имал само 11 години, дека неговата поранешна сопруга Амбер Херд „по****а на брачниот кревет“, дека тој ѝ го скршил носот, но и заканата дека ќе го го силува нејзиниот јагленосан труп“!

Денес, судот во Лондон донесе пресуда во која се вели дека „Џони Деп брутално ја претепал својата поранешна сопруга!“ и дека неговата тужба против таблоидот „San“, кој прв го нарече актерот насилник, беше одбиена.

Судијата ја именуваше приказната објавена од таблоидот како „точна“.

Еве една од снимките што Амбер ги достави до судот:

Џони покажувал слики со модринки!

Ѕвездата од серијата „Пиратите од Карибите“ ја презентираше својата одбрана за време на судењето и рече дека Амбер го малтретирала, го навредувала, го тепала, па дури и понудил аудио запис во кој му се извинила што го тепала.

Актерот покажа слики од повредите на суд по „еден од нападите на поранешната сопруга“:

За време на судењето, дел од јавноста беше на страната на познатиот актер, а во една прилика Деп беше пречекан пред судницата од жени со транспаренти „Правда за Џони“.

escort - Korsan taksi