Во што верува основачот на Facebook? Прочитајте ги овие 10 цитати од контроверзниот Марк Закерберг

10 јуни, 20200
tan2020-6-3227354313-830x0

Без разлика дали сакаме тоа да го признаеме или не, Марк Закерберг е еден од највлијателните луѓе денес. Не е лесно да се процени колку „Facebook“ донесе придобивки и колку штети му донесе на светот.

Контроверзниот Марк Закерберг, од основањето на Facebook до денес, измина долг пат.

Од личноста на годината на списанието „Times“, преку конфликти со поранешни колеги, до сведочење пред Сенатот на САД за злоупотреба на приватни податоци, неговото име постојано ги пополнува насловните на таблоидите.

Што и да мислат за него, очигледно е дека тој го промени светот на многу начини.

Еве ги неговите 10 цитати. Пресудете сами колку верува во нив.

1. Најголем ризик е да не преземаш ризици. Во свет што се менува толку брзо како нашиот свет, единствената стратегија што гарантира неуспех е да не ризикуваме.

2. На луѓето не влијае ништо повеќе од препораката на пријател во кој веруваат.

3. Мојата цел никогаш не беше да го направам Facebook „кул“. Јас не сум „кул“ личност.

4. Прашањето не е што сакаме да знаеме за луѓето. Прашањето е што луѓето сакаат да кажат за себе.

5. Кога на сите им давате глас и моќ, системот е подобар од порано. Наша улога е да внимаваме како го даваме тој глас и моќ.

6. Сè што се обидуваме да го направиме со Facebook е да им овозможиме на луѓето да се поврзат и комуницираат поефикасно.

7. Давајќи им можност на луѓето да споделуваат, ние го правиме светот потранспарентен, им препорачувам на сите пријатели и роднини кои имаат деца – оставете ги да научат да програмираат.

8. Наместо да градиме sидови, можеме да градиме мостови.

9. Движете се брзо и кршете ги работите. Ако не ги кршите нештата, не се движите доволно брзо.

10. Дајте им на сите можност да споделат нешто со секого

Без разлика дали сакаме да го признаеме или не, Марк Закерберг е еден од највлијателните луѓе денес. Не е лесно да се процени колку „Фејсбук“ донесе придобивки и колку штети му донесе на светот. Но, вистината е дека светот пред и по Фејсбук не е и никогаш повеќе нема да биде ист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi