ВОЈВОТКАТА ОД КОРНВОЛ ДАВАШЕ СЕ ОД СЕБЕ ЗА ДА ГИ ЗАВЕДЕ МАЖИТЕ: Камила никогаш не пленеше со нејзината убавина, но имаше цел!

26 јули, 20200
Annotation 2020-07-26 144344

Таа се најде и во улога на љубовница …

Камила Паркер Боулс (73), сега елегантна кралска дама, порано беше вистински „јадачка на машки“. Така пишува Имоџин Тејлор во книгата “On The Fringe”.

Декоратерката на ентериер открива најинтимни детали од претходниот живот на војвотката од Корнвол.

„Камила беше отпуштена од работно место каде работеше за дизајнери на ентериер затоа што сакаше диво да се забавува во 60-тите години. Таа постојано менуваше мажи“, вели Имоџин.

Таа додава дека тоа е во нејзината крв затоа што нејзината прабаба Алис Кепел му била љбовница на кралот Едвард VII. Исто како што Камила беше љубовница на нејзиниот сегашен сопруг Чарлс (71), принцот од Велс, со кого е во брак од 2005 година. Тој претходно беше во брак со принцезата Дајана, која почина во сообраќајна несреќа во 1997 година.

„Камилата беше вистинска ‘party animal’. Живееше за мажите, скапите вечери, јавањето, парите и забавата”, вели авторката на книгата и додава дека војвотката е свесна дека и не е некоја убавица, но сето тоа го надокнадувала со својата личност и сексипилот.  

Веќе на 17 години имаше афери со аристократи. Се зборува дека невиноста во тоа време ја изгубила со Бурк, богаташ од угледно британско семејство.

“Со мажите не беше нималку срамежлива. Беше многу популарна”, вели Тејлор.  

Прв сопруг и беше официрот Ендру Паркер Боулс (76), со кој беше во брак 22 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi