ВООПШТО НЕ ШТЕДИ! Кајли Џенер на ќерката и купи поклон кој го ПОСАКУВААТ многу девојчиња – искешира ОГРОМНА СУМА
За нејзината двегодишна ќерка само најдоброто и ништо не е скапо – по тоа се води Кајли Џенер.
Реалити ѕвездата и најмладата милијардерка Кајли Џенер не штеди кога е во прашање нејзината миленичка Сторми. Имено, по повод нејзината роденденска забава мама Кајли одлучила на девојчето да му купи нешто за што сонуваат многу мали принцези.
Слатката Сторми за роденден доби – пони! Кајли на две годишната наследничка и купи бело пони по име Frozen, за кого искешира неверојатни 180 илјади евра.
Понито има 17 години, стигнува од Холандија, а прво ќе биде 14 дена во карантин пред да стигне во домот на Кајли во Калабасас, пишува Daily Mail.
― Ова го посветуваме на најпознатото пони по име Frozen. Стигнаа вести дека слетало во Лос Анџелес и ужива во друштво на најслаткото девојче. Нејзините родители се погрижија нивната ќерка да го добие најслаткото пони кое постои ― напиша на социјалните мрежи претходниот сопственик на понито.