Вознемирувачки: Ченлдер од “Пријатели” едвај стои на нозе

1 јули, 20200
20190809225501

Метју Пери, славниот Чендлер од серијата „Пријатели“, изгледа се полошо и полошо, а дека ова не се само приказни, потврдуваат фотографиите направени во изминатиот период.

Најновите беа направени на 29 јуни во Беверли Хилс, пред една деловна зграда. Славниот Чендлер е прикажан како едвај стои на нозе и тешко дише.

Неговата асистентка дојде да го собере, а веднаш штом успеа да влезе во автомобилот, запали цигара. Сепак, изразот на неговото лице е исто така загрижувачки. Метју изгледа уморен, несреќен, без нималку енергија.

Потсетуваме, Метју Пери, во текот на целата деценија, ја засмејуваше публиката во познатата серија „Пријатели“, којашто го започна снимањето уште во 1994 година.

За него се зборува дека има проблеми со дрога и алкохол.  Беше на лекување поради зависност од апчиња и алкохол, а во едно интервју призна дека не се сеќава на три години од снимањето на „Пријатели“ заради количината на опијати што ги земал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi