Бразилскиот трансродов модел, Валентина Сампаио, стана првиот трансродов модел што се појави на насловната страница на списанието Sports Illustrated.
Таа има околу 400.000 следбеници на Инстаграм, а оваа вест ја сподели со нив со емотивна порака.
„Тимот од списанието направи револуционерна работа и собра разновидна група убави и талентирани жени на креативен и достоинствен начин“, напиша Сампаио на својот Инстаграм профил, додавајќи дека е многу возбудена и и е чест што е дел од таа приказна.
Во август 2019 година, медиумите објавија дека бразилката Валентина Сампаио е првиот трансродов модел на американскиот бренд за луксузна долна облека „Victoria’s Secret“:
„Никогаш не престанувајте да сонувате луѓе“, напиша Сампаио тогаш.
Исто така, пред три и пол години, таа беше првиот трансродов модел на насловната страница на магазинот Vogue.
Роденa во Бразил, Сампаiо ја користи својата платформа да се бори за правата на транс луѓето. Таа објаснува дека нејзината земја е против бруталната омраза кон трансродовата заедница.