Започна еротски подкаст во кој открива валкани тајни

1 август, 20200
Annotation 2020-08-01 073251

Сочни совети од холивудската заводничка

‘Слушајте ме мажи! Земете парче хартија и пенкало и напишете ги сите интимни совети што ќе ви ги дадам “, рече 57-годишната актерка Деми Мур, која се согласи да биде домаќинка на еротскиот подкаст ‘Dirty Diana’. Во својот нов потфат, Мур се втурнува во светот на женската еротика и сака да ги научи паровите да излезат од сопствената зона на комфор.

‘Сакам да им кажам на сите да истражуваат и да бидат поотворени во сексуалниот живот. Нека не се плашат да пробаат нови работи, нека не се срамат да кажат што и како сакаат. Мојата цел е дека откако ќе го слушате шоуто, ќе сакате веднаш да скокнете во кревет со партнерот ‘, вели една од најсекси холивудските дами.

Посебен фокус, вели таа, ќе биде ставен на мажите на кои ќе им открие што сакаат жените. „Тоа е подеднакво тешко и за мажите затоа што ние жените не знаеме да кажуваме што сакаме секој пат во сексот. Се разбира, мажот нема да може да ве задоволи ако не му објасните за што сонувате. Понекогаш мислиме дека нашата сексуалност има место единствено во четири sида, но треба да разговараме за тоа. Се плашев да го кажам и она што ме возбудува, но сега го немам веќе тој проблем. Подолу ќе ви кажам за тоа, ќе откриете и некои детали што се случија зад моите четири sида ‘, рече Мур, зад која има три пропаднати брака – со музичарот Фреди Мур и со актерите Брус Вилис и Ештон Кучер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi