„Зарем не смрдиш? Можеше барем да ги избричиш пазувите“- Бројни кометари под фотографиите на ќерката на Мадона

23 август, 2020
untitled-design-2_BFKyfEP

Ќерката на пејачката Мадона (61), Лурдес Марија (23) веќе неколку пати ги покажа своите влакнести пазуви во јавноста. Покрај тоа што шета по модната писта со влакнести пазуви и нозе, таа често објавува фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа дека не се грижи за своите влакна.

Така, таа неодамна објави серија фотографии на кои позира и со нејзината мајка и покрај бројните комплименти, имаше и такви обожаватели кои не можат да разберат зошто Лурдес не се бричи.

– Зарем не смрдиш? Можеше барем да ги избричиш пазувите за време на летните денови – коментираа фановите.

Фотографиите од неизбричени пазуви покажуваат дека Лурдес многу години го негува овој тренд.

Младата sвезда на прстите ги има тетовирано зборовите „мама“ и „тато“, има и „Р“ посветено на нејзиниот полубрат Роко и „Mercy“, името на посвоената сестра.

Ќерката која Мадона ја има од врската со приватниот тренер Карлос Леон е слична со ситуацијата со Роко, кого пејачката го роди додека беше во брак со Гај Ричи. Лурдес сакаше да го смири Роко, кој побегна и се пресели кај неговиот татко, со нејзината мајка затоа што се грижеше за нејзиното здравје додека тие се расправаа.

escort - Korsan taksi