Зашто Лејди Гага се срамела да се дружи со Арана Гранде

22 мај, 20200
lady-gaga-ariana-grande-rain-on-me

Низ годините двете пијачки се среќавале често поради нивните професии. Но Гага објасни кои се причините зашто тие пиорано не биле толку блиски, а една од главните била дека ќе била лош пример за младата пејачка. „Таа беше толку упорна што не ми се веруваше. Пробуваше и пробуваше да бидеме пријателки. Мене ми беше многу срам да се дружам со неа бидејќи некев да ја проектирам целата негатвност која ја имав кон неа која беше толку доба и прекрасна.

Но Аријана која според Гага поминувала низ тешки моменти во животот кои ја тестирале, едноставно не сакала да се откаже од пријателството. „На крај ми се откри, ми се јави и ми рече дека се кријам, што јас го признав тоа, навистина се криев од неа. И така започна нашето пријателство.“

Целото ова искуство довело до заедничка соработка на песната „Rain On Me“, а Гага ја напишала истата таа вечер.

Таа навела дека способноста да ги претвара искуствара во песние тоа што и помага да премине преку болката која ја чувствува. Нејзината нова песна „Free Woman“ е совршен пример за оваа нејзина способност, која и овожможила да ја процесира траумакоја ја доживеала во времето кога била сексуално нападната од еден продуцент.

„Ги содржи сите мои чувства за животот, светот, за музичката индустрија и што морав да направам за да стгнам тука каде што сум денес. И морав да го споделам тоа и на крајот откако ја завршив песната си реков – знае што? Јас не сум ништо ако не сум смирена, ако знам дека го можам ова.Јас пак сум нешто иако немам човек до мене, јас сум слободна жена“ – опиша како се чуствувала 34 годишната пејачка и додала дека ова било многу позитивно и здраво искуство за неа и дека повеќе не се обвинува себеси за минатото кога била склона и да се самоповредува себеси.

На крајот на денот Лејди Гага се надева дека луѓето преку нејзиниот албум ќе сфатат дека ако поминувале низ исти тешки животни ситуации тоа е ссепак знак за нивната хуманост и дека не се криви за сето тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi