ЖИВОТОТ НА МАДОНА Е ДАЛЕКУ ОД ТОА ШТО МИСЛИМЕ! Sвездата забременила од тренерот, брак полн со скандали, синот ја НАВРЕДУВАШЕ

26 јули, 20200
Annotation 2020-07-26 172024

Мадона Луиза Вероника Чиконе е родена на 16 август 1958 година во Беј Ситиво Мичиген. По татко и Силвиј Фортин Чиконеу е италијанка, а по мајка и Мадона Фортин французинка и канаѓанка. По неа го добила името, за кое и ден денес сметаат дека е маркетиншки трик.

Таа е третото дете во семејтвото, пораснала со двајца постари браќа Антониј и Мартин, помладиот брат Кристофер и помладите сестри Паола и Мелани. Ја викале Нони и била најомилена во семејството. Во интервјуата во минатото раскажуваше дека детството го поминала во сиромаштија, но се открило дека било маркетиншки трик. Семејтвото на Мадона припаѓало на средната класа. Нејзината мајка починала на 30 годишна возраст од рак на дојка, а Мадона тогаш имала само 5 години. Нов удар добила кога татко и, 3 години по смртта на мајка и се оженил за Џоан Густафсон, која работела во нивната куќа како домаќинка. Мадона маќејата никогаш не ја прифатила, о затоа се трудела да го добие вниманието од нејзиниот татко, пред се со добри оцени.

Посетувала католичко училиште во кое научила да биде “дисциплинирана и да ги контролира своите слабости”. Била одлична ученичка која обожувала да танцува. Посетувала часови кај Кристофер Филн, кои бил хомосексулно ориентиран и кој умрел од сида. Пријателството со него ја поттикнало Мадона да ги поддржи дискриминираните луѓе во светот. Во Њу Јорк пристигнала со 35 долари во џебот и желба да стане популарна. Се покажало декиа макејата Џоан била во право кога за Мадона го кажала следното:

“Брилијантна, односно манипулативна. Едноставно се гледаше дека ќе преживее. Се гледаше дека никогаш нема да биде слаба и некако ми беше мило поради тоа!”

Во почетокот живеела во напуштени станови и работела како келнерка, и стриптизета во мали клубови, учела да свири гитара и отишла на аудиција.

Среќата и се насмевнала кога доби ангажман како пратечи вокал за пејачот на Патрик Ернандез, кој во тие години ги освои топ листите со хитот „Born to be Alive“. Со албумот „Madonna“, публиката полуде за нејзината музика и нејзиниот стил на облекување, со чипкани топови, капри пантолони над кои носеше здолниште, ѓердани со крстови … Кога во 1984 година го издаде својот втор албум „Like a Virgin“, стана светска везда. Уверена и амбициозна, веруваше дека е доволно добра за да глуми во театарот и во 1986 година прифати ангажман во претстава каде се запозна со Шон Пен. По жестока расправија и голема сличност во карактерот, бракот со Шон наскоро се распадна. Имаше шпекулации во медиумите дека актерот дури и физички ја злоупотребил Мадона за време на бракот, но таа подоцна го негираше тоа.

Се шпекулираше дека нејзини партнерки биле познатата манекенката Наоми Кембел и актерката Сара Бернард. Таа додаде и бензин врз оганот, велејќи дека „можеби геј маж е заробен во телото на жената“. На триесет и осумгодишна возраст, Мадона станува мајка и нејзиниот живот зазема друга димензија, а нејзините приоритети се одвиваат нагло, што доведе до поумерен уметнички израз кој е поприфатлив за пошироката публика. Таа ја роди нејзината ќерка Лурдес во 1996 година, а нејзиниот биолошки татко е Карлос Леон, кој во тоа време беше личен тренер на Мадона.

Стинг ја запозна со нејзиниот  втор сопруг Гај Ричи и во тој брак го доби синот , Роко. Свадбата чинеше скоро три милиони долари, а поради славниот режисер  се пресели во Англија. Меѓутоа, по неколку години брак, се појавија првите пукнатини: и пречело што тој поминувал малку време со неа и децата, а тој сфати дека живеењето со жена која работи постојано, го тирализира семејството со макробиотска исхрана и воопшто не пие алкохол и не бил толку возбудлив како што изгледал на почетокот.

Таа го доживеа најтешкиот удар кога нејзиниот син Роко изрази желба да живее со својот татко пред неколку години. Ја навредил својата мајката во јавноста, нарекувајќи ја кучка. Од друга страна, таа е многу блиска со нејзината ќерка Лурд. Денес таа живее со своите деца во Лисабон. Се занимава со хуманитарна работа, промоција на разни видови уметност, најчесто авангардни, нови форми кои ја истакнуваат слободата на изразување и продолжува да објавува хитови. Како и да е, на многумина очите им се вперени во нејзиниот слободен дух, или како што го нарекуваат промискуитетен изглед, па дури и на 61-годишна возраст за неа не е проблем да се фотографира со голи гради или само во долна облека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi