16 најдобри совети за предиграта кои треба да ги пробате уште вечерва!

15 септември, 2020
Couple doing a sex game in bed

Секс експертите советуваат

Ако мислевте дека можете да се „загреете“ со брзина на светлината – од „држење за рака“ до „Не можам да ги тргнам рацете од тебе“ – не сте во право. За ова е потребно време… На некои помалку, на некои повеќе, но колку е подобар и покреативен тој простор – толку подобро ќе биде за вас, гарантираме! Затоа ви ги донесовме 16-те најдобри совети за предигра, со цел полесно да го „зачините“ патот до главниот настан.

Иако може да ја гледате предиграта како само вкусно предјадење на некоја идеја што ја предлагаме, ќе видите – таа исто така може да го замени главното јадење.

„Предиграта не е единствениот начин за вовед во сексуалниот однос“, вели Лори Бакли, доктор по психологија и сексуален терапевт.

– Всушност, постојат многу патеки до интимноста, а предиграта е една од нив – вели д-р Џенет Брито, лиценциран клинички психолог и овластен сексуален терапевт.

Close up photo pair beautiful he him his macho she her lady just married overjoyed hold each other hands bonding hugging touch lips going kiss desire apartments flat bright kitchen room indoors.

– Предиграта нѐ води кон посилно и подобро искуство на самите себе, па открива што, всушност, ни се допаѓа.

Колку повеќе стапувате во контакт со вашите сексуални потреби (и фигуративно и буквално), но и со партнерот, толку полесно ќе споделувате желби, фантазии и сите други добри работи едни со други.

Веќе сте возбудени? Да, така и мислевме. Но, пред да започнете со акција, еве неколку најдобри совети и идеи за предигра, кои можете слободно да ги испробате уште вечерва…

16 совети за предиграта

  1. Размислувајте за тоа пред да одите дома, кај вашиот партнер.
  2. Исполнете го целиот ден со флерт и предигра.
  3. Секстинг – испратете скокотливи пораки до вашата сакана и најавете ги деталите што со нетрпение ги очекувате на вашиот состанок.
  4. Испратете му ваша разголена фотографија.
  5. Облечете ја омилената долна облека и чувствувајте се секси.
  6. Бидете јасни во вашите желби и давајте комплименти.
  7. „Закачајте“ го вашиот партнер на место каде што не можете да имате секс. Тој едвај ќе чека да дојдете дома.
  8. Прилагодете ја атмосферата, пуштете пријатна музика, еротски филм, запалете свеќи
  9. Галете се, но заобиколете ги клучните места.
  10. Тестирајте колку всушност можете да издржите додека не стигнете до целта
  11. Нека предиграта трае што е можно подолго. Кога сте близу до оргазам, застанете и започнете сè одново.
  12. Зборувајте за вашите фантазии.
  13. Дајте си едни на други сензуална масажа.
  14. Користете сексуални играчки.
  15. Загревајте се под туш.
  16. Обидете се да играте улоги – реконструирајте некои стари излети или сцени од омилениот филм

Уживајте!