3 најдобри модели на чевли кои ќе ги носите и следната година!

8 мај, 2020
sanda

Советот на модните експерти речиси секогаш е кога одбираме чевли да одбираме модели во кои ќе инвестираме и ќе можеме да ги носиме неколку сезони. Еве ги предлозите за оваа година:

Сандали со коцкаст врв

На прво место е овој модел кој излезе минатата година, но сега е задолжителен. Ова е еден од т.н. грдо-убави трендови, тренд кој годинава ќе се одомаќини, а ќе биде актуелен и наредната година.

Јапонки

Јапонките ви се омилени обувки за на плажа, базен, за до продавница или за низ дома, но не можете да замислите да ги искомбинирате со стилизирана облека и да појдете со нив на свечен настан?

Епа, сега можете! Оваа сезона инвестирајте во јапонки со дебели ѓонови, по можност кожни. Нема да зажалите.

Спортски сандали

Модните експерти за овој модел имаат едноставно објаснување- тој е природен след, кој доага по патиките со предимензионирана форма.

Вакви модели има во колекциите на The Row, Arizona Love и Prada.