5 хороскопски знаци кои најмногу уживаат во храната

31 мај, 20200
shutterstock_766032388-min

Ако знаеш да цениш добро јадење, можеби е тоа поради твојот хороскопски знак. За некои знакови нема ништо подобро од тоа да се најадат убаво. За некои храната е уметност, а за други пак е поврзана со емоции.

Доброто јадење секого го весели, но следниве хороскопски знаци постојано мислат што да лапнат. Нема нешто што не им е вкусно, а и самите знаат да готват и кај нив ретко кога останува нешто во чинијата.

Бик – пред да влезе во ресторан знае што ќе јаде

Бикот е дефинитивно меѓу најгладните хороскопски знаци. Тој го проверува менито во ресторан со саати пред да влезе во него. Бикот сака да експериментира и готви нови јадења. Разочаран е ако нарача јадење, а тоа не е вкусно, но сепак ќе се обиде да го изеде целото бидејќи нели „грев е да се фрла храна“.

Вага – обожава да грицне нешто меѓу оброци

Вагите не можат да држат ред и дисциплина во исхраната. Понекогаш двапати појадуваат, а често треба да грицнат нешто пред ручек. Тие ги сакаат меѓуоброците и често го јадат она што им се сака без разлика на времето.

Риби – храната ги прави среќни

Тие често јадат за да се осеќаат добро. Тие сакаат да јадат и ретко да постои нешто што не им е вкусно. Рибите често јадат храна од други култури, меѓутоа нивната глад е поврзана со емоциите бидејќи често јадат кога се фрустрирани или тажни.

Лав – гурмани кои сакаат „фенси “ храна

Лицата родени во знакот на Лав се вистински гурмани и сакаат добра и бирана храна. Тие не сакаат брза храна и копнеат за вистински кулинарски доживувања. Често пазат на интериерот во кој јадат како и на персоналот и на шефот на кујната.

Овен – може да изедат се

Тие сакаат авантури па и гурмански. Отворени се за се што е ново и со задоволство посетуваат необични ресторани. Овние се храбри и често јадат егзотична храна, а често знаат и да експериментираат и во сопствената кујна за себе и за пријателите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi