5 причини зошто SPF треба да биде дел од вашата дневна нега!

18 јуни, 20200
spf

Ги издвоивме 5-те најубедливи причини за вас, а вие, не дозволувајте облаците да ве измамат.

Една од најдобрите тајни за убавина е дефинитивно откритието дека кремите со заштитен фактор треба да бидат дел од секојдневната нега. Без разлика дали живеете на Флорида или не, дури и во еден облачен ден, УВ зраците се многу моќни и можат да предизвикаат трајно оштетување на кожата.

Најдобро е да се користат оние креми кои се со заштитен фактор од 30 или повеќе. Исто така, важно е да се напомене дека кремот со заштитен фактор треба да се нанесе најмалку 20 минути пред излегување надвор.

Ако тоа не звучи доволно убедливо, ние ги истакнуваме петте најважни причини што може да ве натераат да се премислите:

# 1 SPF го намалува ризикот од рак на кожата

Бројот на луѓе кои страдаат од рак на кожата постојано се зголемува, а истражувањата покажаа дека производите со заштитен фактор имаат моќ да го запрат развојот на оваа болест.

# 2 Кремите за сончање ја изеднауваат нерамномерноста во бојата на лицето

Континуирана изложеност на УВ зраци им штети на клетките што создаваат пигмент, што резултира во вишок и нерамна пигментација – во форма на темни дамки, старосни дамки или флеки.

# 3 Кремите за сончање го забавуваат стареењето на кожата

Штетата предизвикана од УВ зраците сочинува помеѓу 80% и 90% од видливите знаци на стареење – вклучувајќи брчки и дамки на кожата.

# 4 SPF го спречува настанувањето на изгореници

Ако некогаш сте изгореле од сонце, тогаш ви е јасно колку може да бидат непријатни и болни. Активните состојки на кремите за сончање формираат бариера што ги одвраќа, растура или апсорбира штетните УВ зраци и со тоа ја штити кожата.

# 5 SPF може да се најде во различни форми, а не само креми

Ако идејата да нанесете кремаста структура на лицето секој ден ви паѓа тешко, не грижете се,  производи за сончање денес може да се најдат во форма на спрејови, лосиони, па сè до ролони или гелови.

Она што е интересно да се напомене е дека одредена шминка содржи и SPF.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi