55% од пациентите го имале овој симптом: Откриен е најчестиот симптом на корона, пред кашлица и треска!

13 декември, 2020
covid-19-49219241280-830x0

Вирусот корона „владее“ со нашите животи скоро една година, но благодарение на бројните истражувања и студии, светот денес го познава вирусот многу подобро отколку во раните денови на пандемијата.

Истражувањата продолжуваат да ги откриваат фактите за вирусот, вклучително и нова студија која го претставува најчестиот можен симптом: мијалгија или болка во мускулите.

Напредокот во разбирањето на симптомите поврзани со ковид 19 исто така може да помогне да се стави крај на оваа пандемија. Истражувачите сега ја анализираат огромната количина на здравствени податоци создадени за време на пандемијата, за да обезбедат појасна слика за симптомите поврзани со коските.

Неодамнешното истражување објавено во британскиот медицински журнал се обиде да ги карактеризира симптомите на ковид 19 кај исландската популација.

Студијата се состоеше од сите лица кои имале позитивен тест за корона вирус помеѓу 17 март и 30 април 2020 година.

Меѓу 1.564 луѓе позитивни на САРС-CoV-2, најчестиот симптом беше мијалгија.

Мијалгијата обично ја опишува болката во мускулите – тоа е во лигаментите, тетивите и фасција, меките ткива што ги поврзуваат мускулите, коските и органите.

Мијалгија (55 проценти) беше проследена со главоболка (51 процент) и сува кашлица (49 проценти). Треска и отежнато дишење беа поретки отколку што претходно беа пријавени.

escort - Korsan taksi