7 реченици по кои ќе ги препознаете нарцисоидните личности: дали и вашиот партнер е нарцис?

3 мај, 20200
нарцис

Една од карактеристиките на нарцисоидните личности е манипулацијата, а таа особено се приметува во емотивните односи. Нарцисот е подготвен да манипулира со вас и да ве убеди дека е помоќен од вас, дека не можете без него и дека никогаш нема да најдете личност како него.

Тоа не значи дека нарцисоидните личности се лоши луѓе. Тие страдаат од ниско ниво на самопочитување, иако тоа не се гледа на нив.

Речиси секој нарцис при комуникацијата ги користи следниве 7 фрази по кои можете да ги препознаете:

1. “Зборуваш само за себе”

Нарцисите се тие кои сакаат да зборуваат само за себе, а доколку почнете да зборувате за вас и вашите потреби, тие веднаш ќе ви замерат. Не сакаат кога фокусот ќе се префрли на друг. Често ве прекинуваат на половина реченица без да ве сослушаат до крај, па повторно ја започнуваат својата тема.

2. “Никогаш не сум ја изневерил твојата доверба- верувај ми”

Иако ве повредиле или изневериле неколку пати, нарцисите никогаш нема да го признаат тоа. Тие сакаат да ве натераат да не можете да разликувате добро од погрешно- сакаат да станат ваш водич во секоја ситуација, со цел да се издигнат себе си што е можно повеќе.

3. “Ти си љубоморна и несигурна личност”

Тие сакаат од вас да направат љубоморна личност која ќе пати од ниска самопочит и самодоверба. Често се случува нарцисоидните партнери да флертуваат со други личности, а доколку им замерите тие ќе ве обвинат дека сте љубоморни и несигурни.

4. “Ти си виновен за се”

Нарцисот лесно умее да наметне чувство на вина. Вие први ќе се налутите и ќе побарате објаснување, а на крајот од разговорот вие ќе имате потреба да се извините.

5. “Јас те сакам најмногу- не ти требаат други луѓе”

Нарцисот сака комплетно да ве поседува. Тој не сака кога сте опкружени со други луѓе. Се плаши дека другите ќе ве одвојат од него а така нема да може да ве обликува како што тој замислил.

6. “Зошто реагираш бурно за се”

Всушност, вие реагирате сосема адекватно на однесувањето на нарцисот, но тој ја врти темата и изгледа како да сте вие невротична и несигурна личност. Почнувате да се сомневате во себе- зборовите на нарцисот во вас будат чувство на вина.

7. “Никогаш нема да сретнеш личност како мене”

Нарцисот постојано зборува за своите квалитети и за тоа колку е единствен. Се разбира, негативните карактеристики од својот карктер воопшто не ги споменува. Тој ќе ви наметне мислење дека нема да можете да најдете друга личност во вашиот живот.

Не постои токсична љубов. Љубовта е чиста, убава, едноставна. Кога во вашиот партнер ќе препознаете нарцисоидна личност, пробајте да разговарате. Но кога работите ќе отидат предалеку и односот се претвори во токсичен затвор- тогаш е време да си одите засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi