Ако ги кубете седите влакна, на истото место ќе ви никнат уште 5: Дали е ова само уште една “бабина деветина” или вистина?

3 јуни, 20200
gray-hair-17208271280-830x0

Повеќето луѓе само што ќе го забележат првото седо влакненце, веднаш паѓаат во искушение да го искорнат, а се со цел како би ја зачувале својата младост и убавина. Сепак, ќе се согласите со нас дека нашите мајки и баби се апсолутно против тоа, затоа што како што се вели, на истото место ќе ви никнат уште повеќе седи влакна.

Дерматологот Еилин Тан тврди дека, доколку ги кубете седите влакна нема да предизвикате изненадна појава на уште повеќе нови, но лошата вест е дека можете да почнете да страдате од опаѓање на косата. Исто така, со самото кубење нема да го обновите пигментот во ќелиите, па така на истото место ќе порасне ново седо влакно, но нема да пораснат нови пет, како што стои во “бабските приказни”.

Што предизвикува појава на седи влакна?

Прво, мораме да истакнеме дека појавата на седи влакна се случува постепено, а не како во филмовите, кадешто главниот лик се буди и сфаќа дека во текот на ноќта неговата коса потполно ја променила бојата. Иако на повеќето не им се допаѓа ова, сепак во реалниот живот оваа појава и не е толку драматична.

На седите влакна големо влијание имаат и гените, па често влакната без пигмент можат да се забележат кај семејства кои прерано почнале да ги добиваат. Со други зборови, ако вашите родители имаат здрав сјај на косата  во своите 30ти години, голема е веројатноста дека ќе имате и вие. Седите влакна, најчесто се јавуваат со влегувањето во 40те години од животот.

Дали стресот влијае на појавата на седи влакна?

Доколку поминувате низ стресен периоден, тоа не значи дека вашата коса нагло ќе “обелее”. Меѓутоа, стресот може да предизвика друга сложена состојба на косата, наречена телоген елфувиум, поради која, влакната почнуваат да опаѓаат трипати повеќе од нормалното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi