Anti – age третман: Ролери за масажа на лице

25 јуни, 20200
ZqDoD-220711-shutterstock-1367287595-ls

Како се користат ролерите?
Првиот чекор е темелно чистење на лицето, а потоа е неопходно да се нанесе крем, серум или друг производ за нега. Кога кожата добро ќе го апсорбира, можете да се префрлите на ролерот, следејќи ја препорачаната насока на движење, одвнатре кон надвор, особено во пределот на брадата. Челото се масира од веѓите нагоре, а средниот дел од лицето – од носот до слепоочниците, со благо движење нагоре, а потоа од носот кон ушите.


Кој ролер да го изберете?
Постојат ролери со различни големини и цели, па затоа е добро да размислите пред да купите. Ако ролерот е помал, најдобро е да го користите во пределот на очните капаци, благо движејќи кон веѓите. Малку поголеми ролери може да се користат за масажа на образите и јагодичните коски.

Колку долго треба да трае масажата?
Најдобро е помеѓу 5 и 10 минути, затоа што иако фокусот е на лицето, пределот на вратот, исто така, не треба да се занемарува. За подобар ефект, ставете го во фрижидер, бидејќи студот е важен фактор за време на масажата на лицето. Исто така е важно да бидете упорни и да одвоите време да го направите ова секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi