Аутфит за паметење: Една девојка нѐ потсети што сѐ носеше Лејди Гага на минатогодишната Мет Гала
Признајте, ви недостигаат големите настани. И да, се согласуваме дека би било најдобро оваа 2020 година или да се врати назад или да побрза.
И додека состојбата со короната не се стабилизира, остануваме да уживаме во снимки и фотографии од претходните настани.
Една Тик-Токерка дефинитивно знае како да го направи тоа. Таа сними клип во кој ги покажа сите комбинации што славната Лејди Гага ги носеше на Мет Гала во 2019 година. Да потсетиме, Лејди Гага тогаш смени дури 4 аутфити, поточно, таа ги соблече една по една и тоа беше голем бум за модниот свет, затоа што успеа повторно да ги помести границите и да ги усогласи комбинациите и деталите на необичен начин. Гага е омилена кај големите модни креатори, а Мет Гала е организирана од Ана Винтур, уредничката на американски „Вог“, а на овој настан ги поканува само избраните.