Бојата открива многу: Еве што значи ако уринирате премногу ретко или премногу често

15 септември, 2020
gettyimages-1063865506

Реткото мокрење (еднаш до двапати на ден) обично е знак на дехидратација. Од друга страна, ако урината ви е целосно чиста, тоа веројатно е знак дека пиете премногу течности

Фреквенцијата на мокрење варира во зависност од возраста, можните лекови, што пиете и во кои количини и многу други фактори.

Но, генерално, просечната здрава личност ќе уринира помеѓу три и четири пати на ден, вели урологот Ванита Сима-Чианг.

Ретко уринирање

Реткото мокрење (еднаш до двапати на ден) обично е знак на дехидратација.

„Ако сте дехидрирани, вашата урина може да се концентрира, а тоа всушност ве предиспонира за инфекции на уринарниот тракт“, рече Сима-Чианг.

Најдобар начин да го тестирате нивото на хидратација е со едноставна проверка на бојата на урината.

– Ако урината ви е темно жолта, веројатно не пиете доволно – вели урологот и ве советува да пиете вода секогаш кога ќе бидете жедни или чувствувате дека ви е суво грлото.

Премногу често уринирате

Од друга страна, ако урината ви е целосно чиста, тоа веројатно е знак дека пиете премногу.

Нашите тела се изградени за да одржуваат хомеостаза, објаснува Сима-Чианг, па ако вашата урина е чиста како водата, вашето тело вели дека е доволно хидрирано.

Не е само вода. Кафето е исто така природен диуретик и стимуланс на мочниот меур, што може да ја зголеми итноста, вели Сима-Чианг.

Како може премногу честото мокрење да влијае на секојдневниот живот?

Честото мокрење не е секогаш показател за здравјето, но може да биде фрустрирачко.

Будењето во текот на ноќта може да го наруши квалитетот на сонот, што доведува до пад на енергијата, недостаток на концентрација следниот ден. Исто така, лесно може да ви го одвлече вниманието во текот на денот.

Ако не пиете многу течности и сè уште имате проблеми со често мокрење, одете на лекар.

Медицински состојби кои можат да влијаат на фреквенцијата на мокрење

Најчестиот медицински виновник за зголемување на фреквенцијата на мокрење е воспаление на уринарниот систем, особено кај помладите луѓе, вели Сима-Чианг. Поретки, но загрижувачки причини може да бидат рак на мочниот меур, хиперактивен мочен меур, дијабетес или камења во бубрезите.

Диуретиците исто така можат да ја зголемат итноста и фреквенцијата на одење во тоалет. Тие обично се препишуваат на пациенти со кардиоваскуларни заболувања, пренесува mindbodygreen.

escort - Korsan taksi