БРЗ И ЕДНОСТАВЕН ТРИК КОЈ ГИ ВООДУШЕВИ ЖЕНИТЕ: Отстранете ги брчките од лицето и подмладете се без да одите на било какви третмани!

16 септември, 2020
mladolikost-660x450

За да одржите младешки изглед, јадете и нанесувајте растенија што се користат за оваа намена со векови.

Босилек

Содржи адаптогени кои ја подобруваат способноста на организмот да се бори против стресот, водечка причина за предвремено стареење. Адаптогените го балансираат нивото на кортизол и создаваат смирувачки ефект врз умот и телото.

Исто така, го намалува ризикот од состојби поврзани со стресот, како што се срцеви заболувања, дијабетес и деменција. Бидејќи стресот влијае и на кожата, локалното нанесување на оваа билка може да го намали воспалението и хиперпигментацијата.

Куркума

Куркумин е активна состојка во куркумата што и дава силни својства против стареење. Дејствува како моќен антиоксиданс и ги штити клетките од слободните радикали кои ги оштетуваат.

Ако измешате куркума со мала количина млеко, пастата делува како длабок пилинг за подобрување на изгледот на вашата кожа и видливо намалување на порите. Ако се користи редовно, помага во затегнување на кожата и го намалува појавувањето на мали брчки.

Оригано

Од лисјата на растението се извлекува масло што содржи соединение наречено карвакрол, што го спречува стареењето и го подобрува целокупното здравје.

Ако го разредите есенцијалното масло од оригано во некое базно масло, можете да го нанесете на кожата, а бидејќи содржи многу антиоксиданти и витамини, тоа ќе ја подобри еластичноста на кожата и ќе ѝ даде свеж изглед.

Маслото од оригано може да го забрза заздравувањето на малите гребнатини и посекотини бидејќи има антибактериски својства.

Истражувачите исто така откриле дека маслото од оригано измешано со разни други билки и зачини може да го намали нивото на гликоза, што е добро за контрола на дијабетисот.

Боровинка

Екстрактот од боровинка е популарен додаток на билки кој содржи антоцијанини. Истражувањата покажаа дека боровинките можат да го намалат ризикот од катаракта и глауком поради нивната способност да ги зајакнат крвните садови и да заштитат од оштетување на мрежницата.

Тие исто така го стимулираат протокот на крв и циркулацијата, снабдувајќи ја кожата со дополнителен кислород. Ова зголемување на кислород ја одржува еластичноста на кожата и го намалува изгледот на вените.

Гинко

Гинко билоба е дрво со потекло од Кина. Неговите активни компоненти се: флавоноиди и терпеноиди.

Флавоноидите ги штитат клетките од оштетување и придонесуваат за здрава, младешка кожа. Нанесувањето на екстракт од гинко на кожата делува како бариера против УВ оштетување, некои од кремите за сончање.

Друга активна состојка, терпеноид, ја зголемува циркулацијата на крвта и може да спречи формирање на тромби, намалувајќи го ризикот од срцев или мозочен удар.