Да, хроничниот замор е болест, а последиците можат да бидат многу опасни!

19 мај, 20200
zamor 1

Синдромот на хроничен замор не е безопасна болест, тврдат здравствените експерти. Лошата исхрана, депресијата, срцева слабост, недостаток на витамини, како и неправилно работење на штитната жлезда можат да бидат болести кои прават хроничен и необјаснив замор. Недостатокот од енергија дури и при вршење на минимални активности може да укажува на сериозни заболувања кои не треба да се занемарат. Оние кои патат од хроничен замор често имаат и проблеми со инфекции на дишните и на уринарните патишта, имаат чувство дека се будат уште поуморни отколку кога си легнале, а се заморуваат дури и кога мируваат.

Како да се препознае болеста

Секој замор кој трае повеќе од шест месеци а не поминува по одморањето е показател на синдром на хроничен замор. За да се постави точната дијагноза потребни се и други симптоми како болки во вратот и грбот, главоболки, слаба меморија и концентрација, чувство на вжарени стопала, болки во зглобовите, пореметен сон, појава на анксиозност и депресија, гастроинтестинални тегоби, зуење во ушите, промена ка кожата и вртоглавици.

Првиот сериозен проблем е т.н ортостатска нестабилност- кога ќе станете ви се врти во главата, па дури добивате и несвестица.

Подоцна се појавува оштетување на штитната жлезда, доаѓа до појава на инсулинска резистенција, кај жените може да дојде до појава на полицистични јајници, тахикардија, аритмија, варирање на притисокот…

Синдромот на хроничен замор кај 75 проценти од пациентите доведува до инвалидитет, бидејќи пациентите немаат енергија за работа. Овој синдром е познат долго време, но сега заради пандемијата доаѓа до поголем израз.

Дијагноза

Најпрво се прават основните лабораториски анализи. Доколку се е во ред, а пациентот не се чувствува добро, се прави невролошки преглед за да се види дали постојат невролошки испади. Потоа, доколку неврологот потврди дека е потребно, се прави дијагностика на епилепсија.

Откако ќе се исклучат сите овие предизвикувачи, се прави тестирање на автоимуниот нервен систем.

Стресот е најголем ризик фактор

Како и за повеќето болести, стресот и тука игра најголема улога. Заради стресот доаѓа до слабеење на имунитетот, се активираат вирусите, настанува инфекција и болест. Ставот на речиси сите доктори е дека зад хроничниот замор стои хронична инфекција предизвикана од еден или повеќе вируси.

Лекувањето е многу сложено и бара точно дефинирање на предизвикувачот. Доколку инфекцијата е бактериска на пациентите им се дава антибиотик, доколку е вирусна, тие примаат антиоксиданти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi