Дали големината е важна? Еве што велат жените и какви се резултатите кај мажите

16 август, 2020
810414195f391e6f3e1c4357426759_w640
  • И покрај популарното верување, мажите со голем полов орган не се сон на секоја жена, тврди австралискиот експерт за секс, Надја Бокоди.

Таа го спореди големиот машки сексуален орган со потпетиците кај жените – колку е поголема петицата, толку е потешко да се оди во нив. Таа вели дека е свесна дека опсесијата со големината отсекогаш постоела, но исто така смета дека не е заснована.

  • Дури и ликот од популарната ситком серија од деведесеттите, Џорџ Констанца од серијата Сајнфелд, не можеше да го избегне притисокот и ја измери големината на неговиот полн орган, пишува Бокоди. Потоа, партнерот на другиот лик, Џери, се смее кога ќе види дека сексуалниот орган на Џорџ е мал.
  • Шегата е јасна – предрасудите се дека малите гениталии им припаѓаат на патетични, несексиј мажи и како такви, тие заслужуваат потсмев, вели таа.

Сепак, разликите не се толку големи колку што изгледаат на прв поглед. Огромна мета-анализа во која се собрани податоци од 17 студии и опфатени над 15,000 мажи откриле дека просечниот еректен пенис е долг околу 13 см, а отстапувањата од тоа варираат за само неколку сантиметри кај приближно 80% од мажите.

Од друга страна, дури 75% од анкетираните жени веруваат дека големината не е важна, затоа што не можат да достигнат оргазам само од пенетрација.

Затоа, Бокоди заклучува дека ни треба „сосема поинакво разбирање за машкоста, наместо да ги наметнуваме невозможните идеали што нè доведоа овде“.