Дали и вие сте меѓу нив?! Секое трето лице фантазира за ОТВОРЕНА ВРСКА

8 октомври, 2020
Devojke-i-decko

И планираат да го остварат тоа

Поимот отворена врска за некого е страшна работа, а за некого сосема нормална работа.

Без разлика дали ви се допаѓа идејата или не, факт е дека многумина ја сакаат.

Можеби дури и многу повеќе отколку што можевте да замислите.

Резултатите од студијата на Институтот Кинси и САД покажуваат дека шансите еден од партнерите да сака отворена врска се доста големи.

Студија објавена во списанието „Archives Of Sexual Behavior“ покажа дека секоја трета личност во моногамна врска фантазира дека е интимна со некој друг, освен со нивниот партнер.

Во студијата учествувале 822 лица кои рекле дека моментално биле во моногамна врска. Истражувачите побарале од нив да ги опишат своите омилени сексуални фантазии, а според резултатите, дури 33 проценти од нив фантазираат за отворена врска.

Како што изјавија, тоа е нивната најголема фантазија.

Покрај тоа, дури 80 проценти од нив изјавиле дека имаат намера да ја реализираат таа фантазија во одреден момент од животот.

Мажите повеќе сонуваат за ова отколку жените.

Интересот за отворено партнерство, познат како консензуални немоногамни врски, расте.

„Пребарувањата поврзани со полиаморијата и отворените односи се зголемија на пребарувачите во последните десет години. Има сè повеќе книги на оваа тема, водичи, но исто така и емисии во популарните медиуми “, рече авторот на студијата Џастин Ј. Лемилер.

Имаше претходни студии кои исто така покажаа дека отворените врски денес се попопуларни отколку што може да мислите. Постои една што беше спроведена во Канада и објавена минатата година во „The Journal of Sex Research“, како и студија од 2018 година од Американскиот универзитет „Temple“. Се покажа дека на секои 25 парови, еден има договорена отворена врска.

Постои уште една студија која пред две години се осврна на прашањето за чувството на среќа и задоволство во ваквите односи. Се покажа дека и покрај стигматизираниот начин на живот, паровите во отворени врски се исто толку среќни како и оние во строго моногамни заедници.

escort - Korsan taksi