Дали можете да почувствувате мирис на риба, сулфур или изгорена храна? Овој симптом може да биде поврзан со коронавирусот

27 декември, 2020
riba-830x0

Деформирано сетило за мирис, исто така, пријавиле луѓе кои обожавале кафе пред инфекцијата со корона, и сега не можат да го пијат.

Губење на мирисот е еден од симптомите на коронавирусот, но некои пациенти со долготраен ковид откриваат дека чувствуваат непријатен мирис неколку месеци откако ќе се заразат со корона.

Луѓето кои страдаат од „долг ковид“ пријавуваат силен мирис на риба, изгорена храна или сулфур.

Невообичаен несакан ефект е познат како паросмија – што значи деформирано чувство за мирис.

ORL-хирургот професор Нирмал Кумар го нарече симптомот „многу чуден и многу уникатен“.

Професорот Кумар беше меѓу првите здравствени работници што идентификуваа аносмија – губење на мирис – како индикатор за коронавирусот во март. Тој ги информираше надлежните стручни служби, кои додадоа губење на мирис на списокот со симптоми кои укажуваат на инфекција со вирус на корона.

Тој сега забележа дека меѓу илјадниците пациенти кои се лекуваат на долготрајна аносмија во Велика Британија, некои имаат парозмија.

– Утрово видов двајца пациенти со парозмија – рече професорот Кумар за новинската агенција ПА. – Едниот рече дека може да почувствува мирис на риба наместо кој било друг мирис, а другиот рече дека чувствува мирис на изгорена храна. Двајцата се здравствени работници. Мислам дека паросмијата е зголемена кај младите, но и кај здравствените работници поради изложеност на вирусот во болниците.

Долг ковид се јавува кај луѓе кои имале ковид 19, но сепак ги чувствуваат симптомите на болеста со недели или месеци по заздравувањето.

Опишувајќи го како „невротропен вирус“, професорот Кумар објасни:

– Вирусот влијае на нервите на врвот на носот – тоа е како шок за вашиот нервен систем, а нервите не работат.

Даниел Савески, 24-годишен банкар кој живее во Лондон, рече дека го изгубил чувството за вкус и мирис две недели откако го доби корона вирусот во март и оттогаш боледува од паросмија.

Тој вели дека сè што има силен мирис го доживува како мирис на сулфур или тост:

– Тоа го намали моето уживање во храната и ме депресираше малку, бидејќи не чувствувам мирис на одредена храна.

Лин Корбет, која работи како агент за недвижнини, вели дека била „шокирана“ кога се разбудила на 52-риот роденден во март „апсолутно без мирис и без вкус“.

– Од март до крајот на мај не можев да чувствувам ништо. Можев да го гризнам сировиот кромид и немаше да чувствувам ништо, тоа беше толку губење на вкус. Сетилото за мирис и вкус ми се врати во јуни, но веќе ништо не мирисаше како што треба – вели Лин.

И покрај фактот дека порано обожаваше кафе и пиеше во големи количини, сега нејзиниот омилен пијалок мириса неподносливо. Овој симптом го пријавуваат и пациенти во регионот, опишувајќи дека „кафето мириса на кал“ и дека не го сакаат кога го пијат.

Добротворната организација AbScent, која ги обединува луѓето кои страдаат од нарушувања на мирисот, собира информации од илјадници пациенти со анозмија и паросмија во партнерство со ENT UK и Британското здружение за ринологија за да помогнат во развојот на терапиите.

Тие препорачуваат сите погодени од паросмија да поминат низ „обука за мирис“, која вклучува мирис на роза, лимон, каранфилче и масло од еукалиптус секој ден околу 20 секунди во обид полека да го врати чувството за мирис.

escort - Korsan taksi