Дали сите јаглехидрати дебелеат?

25 јули, 20200
храна 2

Во време кога се популарни low-carb и кето диетите кои пропагираат минимален внес на шеќер, важно е да се објасни значењето на јаглехидратите. Не се сите шеќери лоши и доколку се консумираат умерено можат да го подобрат здравјето и да ви дадат енергија, а тоа е и нивната основна функција. Од вкупната енергетска потреба на телото 60% доаѓа од јаглехидратите, 25% од мастите и 15% од протеините. Јаглехидратите се делат на прости и сложени.

Сложените јаглехидрати се делат на скробни, кои треба да се консумираат умерено (леб, компир, ориз) и влакнести кои се препорачуваат во поголеми количини секојдневно ( мешунки, зелка, брокули). Влакната даваат подолго чувство на ситост, го забрзуваат варењето, ги содржат потребните олигоелементи, го регулираат дијабетесот и го одржуваат оптимално липидниот статус.

Прости шеќери се оние кои треба да ги избегнувате. Тука спаѓаат белиот и жолтиот шеќер. Белиот шеќер е особено штетен за здравјето бидејќи може да предизвика дијабетес, пореметување на метаболизмот, кариес.

Клучот лежи во умереноста и во правилното внесување, бидејќи ако претераме со дневниот внес, а не согориме калории со физичка активност, шеќерот се складира во мускулите и црниот дроб. Љубителите на благо кои никако не можат да се откажат од својот сладок порок можат простите шеќери да ги заменат со природни засладувачи. Доколку ни тоа не ви помага, обидетет се со еден трик. Со благото изедете едно јаболко. Јаболкото содржи целулоза која ја врзува млечната маст, ја забавува апсорбцијата и го забрзува варењето и исфрлањето на слатките од дигестивниот тракт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi