Добро запомнете го рецептот за овој пијалок: Само една чаша на ден драстично ги намалува брчките!

9 октомври, 2020
184105_profimedia0413387191_ls

Започнете го секое утро со овој пијалок и гледајте како исчезнуваат брчките

После 25-та година од животот, треба да започнеме со соодветна нега на кожата, така што лицето ќе ни остане младо што е можно подолго.

Покрај кремите и маските, голема улога во одржувањето на младешкиот изглед игра и правилната исхрана. Природата има решение за сите здравствени проблеми и болести, вклучително и убав изглед на лицето.

Сокот од целер прави чуда кога станува збор за кожата на лицето. Истражувањата докажаа дека овој зеленчук има силно влијание врз ублажување на постоечките брчки, но е одлична превенција против формирање на нови.

Силициумот, кој е во изобилство, е одговорен за изградба на сврзно ткиво и обновување на колаген и еластин, односно за борба против стареење, брчки и оштетување на кожата. Исто така, висок процент на витамин Ц има корисен ефект врз кожата.

Една чаша од овој сок ќе биде доволна. Може да го пиете во кое било време од денот, по можност најмалку 3 пати неделно.

Подготовката е многу едноставна. Само ставете го целерот во блендер или соковник и додадете вода.

Освен за кожата, сокот од целер е одличен и за здравјето на целиот организам.

Целерот има антиалергиско, лаксативно и антисептичко својство. Ја подобрува циркулацијата на крвта, го нормализира крвниот притисок. Железото, магнезиумот и калциумот во целерот го подобруваат имунитетот. И тоа е доволно силно да го подигне нивото на хемоглобин во крвта. Има корисен ефект врз работата на мозокот, ја подобрува меморијата и штити од Алцхајмерова болест.

Целерот има корисен ефект врз нервниот систем, ја намалува содржината на кортизол, „хормон на стресот“ и лечи метаболички нарушувања.

escort - Korsan taksi