Држите диета или сакате да ослабете? Еве како вашиот мобилен телефон може да ви помогне во тоа!

17 мај, 2020
Worried cute woman holding bowl with measuring tapes at home.

Секој е свесен за добрите и лошите страни на мобилниот телефон, но дали знаевте дека може да игра и посебна улога во вашата диета?

Научниците од универзитетот во Илиноис во САД дошле до заклучок дека користењето технологија како што е мобилен телефон, таблет или лаптоп може да ја намали количината на храна што човекот ја внесува, а може да ви помогне и ако сакате да држите диета. Како што се наведува, истражувањето било спроведено врз 119 млади луѓе на кои им било дозволено да играат една едноставна компјутерска игра 15 минути за време на оброкот. Заклучокот донесен од научниците покажа дека сите луѓе јаделе значително помалку кога ја играле играта.

Gorgeous girl with a phone in her hand is surprised by something she saw on the screen is holding her glasses in front of bright yellow background.

Играта е многу едноставна, но дополнително се бара од играчите да се концентрираат и да се фокусираат на екранот – рече Карли А. Лигуори, одговорна за ова истражување, додавајќи дека научниците биле особено сконцентрирани при подготовката на овој проект за да се осигура дека испитаниците се доволно деконцентрирани, за истражувањето да успее. Испитаниците ги известија младите луѓе дека треба да постат десет часа пред експериментот, а кога ќе седнат на маса им беше кажано дека во наредните 15 минути може да изедат парчиња пица онолку колку што сакаат(од десет понудени) додека истовремено ја играат играта. Кога завршија со јадење, на испитаниците им беше дадено половина час одмор, по што им беше кажано колку парчиња пица им биле понудени и колку вкупно парчиња изеле.

Резултатите покажаа дека постои разлика помеѓу деконцентрирано јадење и јадење без размислување. Иако овие два поима често се сметаат за синоними, според Лигуори тие се два различни модели на однесување. Јадењето без размислување се случува кога трошиме храна без да имаме вистинска желба или намера (како на пример кога јадете нешто на масата само затоа што е пред вас), а деконцентрираното јадење се случува кога имаме секундарна активност за време на оброкот  (гледаме телевизија, читаме пораки или проверуваме е-пошта).

Патем, ова е едно од првите истражувања кои покажуваат дека во иднина би можеле да користиме технологија за да го намалиме внесот на храна. Во секој случај,нашиот мобилен и онака е постојано во нашите раце.