Два модела на здолништа кои французинките никогаш нема да престанат да ги носат! (ФОТО)

29 мај, 20200
Untitled design (5)

Неизбежно е да изгледате фантастично во нив.

Кога станува збор за мода, кај француските жени удобност и практичност се на самиот врв на нивниот список со приоритети. Ова се гледа пpи нивниот избор на облека.

Здолништата не се исклучок, па кога ќе погледнеме кои модели им се омилени, јасно е дека ги земаат во предвид овие приоритети при изборот на истите. Судејќи според комбинациите на познати французинки кои со години ги држат титулите модни икони, oвиe два модели се наметнуваат како апсолутни фаворити.

1.“Пенсил” здолниште

Не е неопходно да се објасни зошто овој модел е толку популарен не само кај французинките туку и меѓу другите жени ширум светот. Кројот на ова здолниште дозволува да се носи во секоја пригода. Тој е прилагодлив на различни стилови, изгледа одлично во деловна и формална варијанта, а и може да биде прилично гламурозен во комбинација со вистинските потпетици и додатоци. Модниот уредник Карин Ројтфелд е апсолутна кралица на “пенсил” здолништа.

Иако поседува модели во сите бои и со разни дизајни, нејзината гардероба е претежно црна.

“Јас купувам црни модели цело време. Имам 20 верзии од исто здолниште. Поголем дел од времето се облекувам исто”, призна Карин.

 2. Миди здолниште

Не е важно дали станува збор за рамен А- модел или полни ѕвонести здолништа – французинките не престануваат да ги носат. Тие ги комбинираат со деловни кошули или најобични маички, па ги носат во сите можни пригоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi