Фановите убедени дека Клои Кардашијан е бремена: Можете ли да го видите нејзиниот труднички стомак? (ФОТО)

9 септември, 2020
2019 E! People's Choice Awards - Arrivals

По новата фотографија на Инстаграм, фановите на Клои Кардашијан се сомневаат дека таа е бремена.

View this post on Instagram

location: under bitches skiiiinnnnn 💋

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

На последната фотографија објавена на Инстаграм по повод американскиот ден на трудот на ријалити sвездата наводно ѝ се гледа трудничкото стомаче. На сликата, таа позира во широк фустан, а фотографијата предизвика лавина коментари. Сепак, нејзиниот портпарол сè уште не се огласил.

„Дали е бремена?“, „Сигурно е бремена со Тристан“, „Па се гледа нејзиниот труднички стомак“, се само некои од многуте коментари.

Според британските медиуми, Клои (36) неодамна била видена на прошетка со поранешното момче Тристан Томпсон откако поминала карантин со својата ќерка Тру. Сега, кога тие се повторно заедно, обожавателите се сомневаат дека Клои е повторно бремена со поранешниот.

Широкиот фустан е особено збунувачки, со оглед на тоа што таа неодамна започна да ја покажува линијата што ја постигна со напорни тренинзи објавувајќи фотографии во костими за капење од нејзината линија Good American.

View this post on Instagram

Happy Labor Day

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on