Фотошоп, ботокс или нешто трето: Што се случило со лицето на Џеј Ло?

21 мај, 20200
Pepsi Super Bowl LIV Halftime Show Press Conference

Популарната глумица и пејачка Џенифер Лопез, објави на Инстаграм селфи од теретана со која ја зачуди јавноста. Згодната глумица изгледа чудно, а промените на лицето сите ги забележаа.

Во текот на пандемијата на корона вирусот, Џенифер Лопез не го напушташе својот дом, а по завршувањето на карантинот, веќе неколку дена редовно оди во теретана. За да ја поврати својата топ форма, Џеј Ло напорно вежба, а покрај тоа, се придржува и до строг режим на исхрана. Сумирано, таа изгледа одлично.

Со оглед на тоа дека често објавува слики од испотеното тело, истакнатите стомачни, овој пат, освен совршено обликуваниот стомак, нешто друго привлече внимание.  Нејзиното лице не изгледаше вообичаено.

Со оглед на тоа дека живееме во ера на Инстаграм каде е тренд разубавување на фотографиите, ни малку не е чудно ако Џенифер малку си поиграла со фотошоп. Двете фотографии кои ги објавила од теретаната потполно ја збунија јавноста. На едната од нив, лицето и е премногу стеснето, а тенот беспрекорен. На другата фотографија, Џенифер изгледа пореално него на првата, но сомнително е тоа што на лицето на оваа 50 годишна жена, не се гледаат никакви неправилности.

Многумина сметаат дека пејачката нема потреба од разубавување, како ни користење на третмани за подмладување, но се чини дека Џенифер сепак не одолеала. Зошто, сеуште не сме сигурни. Што мислите вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi